Баба Ѓоргина од Штип поради кабел што виси во нејзиниот двор стравува за својот живот: Пријавив во ЕВН, но поминаа два месеци и ништо
На штрек,два месеци 75 годишната Ѓоргина Ангелова од штипската населба Железничка поминува низ својот двор поради овој опасно надвиснат струен кабел.
Таа многу внимателно го планира секој свој чекор и потег со раците, бидејќи една од струјните жици е неколку сантиметри од нејзе.
– Ова е скоро два месеци вака, не смеам ниту да го фатам за да го тргнам настрана, вели Ѓоргина пред камерите на телевизија ,,Стар”
Ангелова неколку пати се обратила до надлежните во штипската канцеларија на ЕВН, но засега одговор од нив како што тврди нема.
– Ги побарав луѓето да дојдат и да ми го решат овој проблем, но нив се уште ги нема, додава оваа старица видно воне мирена од ситуацијата.
– Од тие виснати кабли освен што го доведуваат човековиот живот во прашање, можат да направт спој и да направт по жар и да се запа ли нешто, велат соседите.
– Треба да се реагира што побргу, нема играње со струјата, мора да се санира што побргу додаваат соседите на Ѓоргина.
Од ЕВН пак денеска излегоа со соопштение во кое велат: По направените инспекции на терен од страна на екипите Електродиструбуција, утврдено е дека во штипската населба Железничка има кабли.
– Односно изолирани проводници низ дрва. Истите не се во сопственост на Електродистрибуција, туку на самите корисници кои сами ги монтирале.
– Во наредниот период се планирани реконструкции на мрежата во оваа населба, велат од ЕВН во разговор со телевизија ,,Стар”