Баба Ѓурѓа која продава цвеќиња пред маркет во Скопје има тажна судбина и носи голема болка.
Билјана Јаневска на својот фејсбук профил сподели:
Драги мои ова е фамозната баба Ѓурѓа која што изминатиов период беше постирана на повеќето портали.
Баба Ѓурѓа има 92 и веќе влегува во 93та година. Таа секој ден од попладневните часови па се до вечер продава цвеќиња кај Тinex до Рибен Ресторан Сидро 2 во Карпош за да ги нахрани внучињата.
Ме заголицна тоа што го прави бабево па решив денес после работа да појдам и да ја побарам, за да ја прашам како е и што и треба.
Бабево видно изненадено си раскажа и зошто има гипс на раката. Ми падна жал, душичка. Паднала додека ги местела цвеќињата.
Па затоа јас ја израдував и реков да нé чека утре и ќе и донесеме се што е потребно и во наша моќ.
Не ја одбегнувајте баба Ѓурѓа,има навистина тажна судбина. И погледнав во очите и носи голема болка.
Полна со љубов, се гледаме утре бабе.
Ве повикувам и сите Вас Карпошани да и купите цвеќе за да може да преживее и да ги нахрани своите внучиња!