Бититќи: Застојот со пасошите е направен намерно

Вистински верувам дека тоа што сме го направиле е со добра намера. Второ сите чекори се институционални и нема простор да не се бранат. Секој ден гледам дека општеството сака да живее во средена средина, ама ако може за нас малку да се замиѓи на едното око. Иднината на нашата земја е владеење на правото, а не градење паралелни системи.

Институциите мора да функционираат добро за сите, а паралелен систем сме виделе колку е лоша работа, тефтери за едно, за друго, и треба време за да се уредат тие работи, вели вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Јас не сум се јавил на министерот за внатрешни работи јас и моето семејство да си ги земеме пасошите оти сме сликани пред 32 дена и нема да го сторам тоа, ќе чекам. Верувам дека оваа држава може да функционира исто за сите оти сите сме граѓани на оваа земја, – вели Битиќи.

Битиќи за застојот со вадењето пасоши вели дека е тоа инструирано од ВМРО-ДПМНЕ со лажни закажувања што предизвикале системот да падне, за подоцна нивниот министер за МВР да го „реши“ проблемот со 50.000 фиктивни јавувања. Тој додава дека има паралелен список за фотографирање што е со термин по завршување на работното време кој го нарече „сваровски“ список.

– Кога ме прашуваат зошто влегов во политика и во СДСМ, јас велам дека сум земал од ова општество и се чувствувам должен да возвратам и еден ден да можам да им кажам на моите деца дека сум се обидел да направам подобро, вели Битиќи.