Благодарение на скапоценото одело, Драган после десет години доби струја и му се промени животот
Драган Браловиќ од село Прањани речиси десет години живеел без струја поради неплатен долг, а потоа средбата со стар школски другар му го променил животот на подобро.
Новинарот Гвозден Николиќ случајно го сретнал Драган и видел дека живее многу тешко, а потоа решил да му помогне. На својот Фејсбук профил ставил на продажба скапа јакна што ја добил на подарок и на тој начин ги алармирал луѓето да помогнат.
– Не верував дека во мојата куќа повторно ќе светне сијалица. Долгот за струја се натрупуваше и не можев да го платам. Немам зборови да им се заблагодарам на добрите луѓе кои ми помогнаа, изјави Драган за ,,Рина”
Позитивната лавина што ја започна со нудење на својата јакна на продажба го изненади и самиот Гвозден, но како што вели нема да застане тука.
За еден час веќе имал доволно пари да го плати речиси целиот износ на долгот. А животот како што вели му тргнал на подобро.
– Не ни знаев дека тоа одело вреди околу 400 евра. Ми го донесе како подарок еден побогат човек на кого му помагав кога нешто му требаше.
– Нормално не носам скапи работи и решив да се обидам да најдам купувач и да ги уплатам парите на „школскиот“ за струја.
– Сепак, не очекував дека ќе дојдам до купувач толку лесно. Драган тоа го заслужи, секогаш беше добар човек кој не стоеше во ничија сенка.
– Го немам видено со години, велат дека се повлекол во себе по заминувањето од овој свет на татко му и мајка му, изјави Гвозден.
– Ќе видам дали можам да му набавам мебел, му треба се, полица, катче. Ќе видиме, нема да го оставам на цедило, толку можеме сигурно. Мојот пријател не смее да биде бездомник додека јас имам пари и тој ќе има пари, изјави Николиќ.