Борче кој прв пристигнал по масакрот на Љуботенски бачила со страшни сведоштво за првпат: Имаше откинати глави, екстремитети
Масакрот кај Љуботенски бачила е една од најголемите трагедии во Конфликтот од 2001 година кога на кучавички начин со две противтенковски мини беа убиени осум припадници на резервниот состав на АРМ.
Борче од Скопје бил меѓу првите кои пристигнал на местото на настанот и бил сведок на страшните глетки.
-Ние бевме во селото, со одморалиштето со оглед на тоа што не бевме на смена. Откако слушнавме јак тресок веднаш со уште двајца колеги ја разбивме вратата каде стоеше оружјето, го земавме и со Лада нива тргнавме нагоре. Како нешто да ми кажуваше реков да застанме пред да дојдеме до камионот за кој имав отприлика претстава каде е.
-Се симнавме, одевме внимателно и пред да се доближиме видов членови на УЧК како се симнуваат низ долината да дојдат до камионот. Ние отворивме жесток оган кон нив, пукавме и тие се повлекоа.
Потоа кога тргнавме кон камионот имаше што да видам. Тој беше превртен, а луѓето беа расфрлани околу него. Прв го видов Бадаревски кој беше прегмечен од камионот. Потоа покрај камионот имаше преживеани, но беа крвави, веднаш почнав да укажувам помош иаако за цело време пукаа на нас.
Тоа беше страшна сцена имаше луѓе без екстремитети, буквално ногата и висеше на кожичка само. На Гоце Чанкуловски главата му беше во дупка, веднаш ја видов и го препознав зошто се знаевме добро. Само погледнав и си реков, Гоце бе, ти си. Јас додека преврзував барав и чекав поддршка, барав и хеликоптер зошто имаше тешко повредени.
Неколку лица ние од Лада Нива ги однесовме во Поликлиника Чаир и пак се вративме горе. Ми кажуваат во меѓуврме дошол доктор на лице место, болничар од резервистите а кога ја видел сцената паднал во несвест. За тешко повредените баравме транспортент хеликоптер, но додека дојде ни починуваат тројца поради спороста на реакцијата, изјави во поткастот на Патриотско Друштво.