Бране од Куманово низ солзи: Децата ми се осудени да умрат од глад, ако другарчиња или наставнички не и купат нешто, ќе трпат

Бране Велковски е слабовидно лице кое поради воспаление во мозокот од многу мал е со 98 проценти оштетен вид. Тоа ќе му биде пречка за се во животот. Како лице со посебни потреби до 2016 година останува со своите родители во нивниот стан за кој како што вели Бране татко му додека бил жив не исплатил 208 рати. Затоа тој, иако веќе оженет и со две мали дечиња од 7 и 6 години бил принуден за да не го изгуби станот истиот да го продаде и да го врати долгот на татка си, а со остатокот и нов мал кредит да ја купи најевтината куќа во градот која денес е преполна со влага.

Станот беше голем, преубав и ми беше реновиран од хумани луѓе, но ако не го продадев за да вратам долг кон банката ќе го изгубев засекогаш. Вака барем не сме на улица со жената и децата, но, бидејќи немавме за леб морав да земам нови задолжувања и сега целата нега и социјална помош што ја земам оди само за сметки и рати кон кредитите-вели Бране. Со горчливи солзи во очите овој човек ќе рече дека детето го испраќа гладно во училиште и ако не му купат храна учителките или другарчињата може да седи и гладно. Исто е и со нив дома. За да не им го гледа гревот како што вели тој кога децата молат за храна, оди во некоја нечиста река преполна отпад да собира пластични шишиња кои ги продава по 10 денари по килограм. Така ќе им купи леб и млеко за да не му умрат од глад.

Бране е роден во Куманово и завршил само основно училиште, зашто како дете добил тешко воспаление на мозокот од кое 98 проценти го губи видот. Денес тој има 51 година, а од 2016 година е оженет со Тања од Банат Србија која е исто така болна од ментална болест и кога се онесвестува во кома останува и по три дена. Најтешко му е ќе рече Бране што нема како да и купи лекови за да и ја олесни состојбата. Пред извесно време ги губи двајцата родители, па по нивната смрт за него започнува многу тежок период. Прво му ја исклучуваат струјата во станот. А, набрзо дознава и дека татко му не уплатил 208 рати за станот или дека должи на банката 7500 евра. Затоа тој лани за да не го изгуби станот одлучува да го продаде и врати долгот за него, а со останатите пари да купи една куќичка каде ќе живее со семејството. Но, откако го продал станот и вратил долгот за него, не му достасале пари за куќа, па повотрно се задолжил 4000 евра. Оттогаш пак почнуваат проблеми за ова семејство, но овојпат изгледа и поголеми.

-Како мал од висока температура и вsопаление на мозокот добив слепило. Денес гледам само малку рециси 98 посто сум слеп, а навечер ни тие два посто не ми помагаат. Живеев во Куманво со моите и 2016 се оженив. Жена ми е од Банат, Србија и таа е лице со попреченост, но создадовме семејство мислејќи дека убаво ќе живееме заедно. Но, моите починаа, и откако останав сам дознав дека татко м не платил 208 рати за кредит за станот или 7500 евра. Тогаш банката ми рече дека ако не уплатам ќе ми биде земен станот.

Немав друг излез освен да го продадам тој стан, да исплатам долг и со остатокот да најдам нешто помало. Така и направив, но со парите што ми останаа никаде н можев да најдам куќа за живеење и морав да земам нов кредит. Така започнав да пропаѓам. Социјалното не ми достигаше за рата. И, почнав да се задолжувам за да купам леб за децата-започнува да раскажува Бране.

Животот на ова семејство е тежок. Бране иако не гледа се труди да обезбеди парче леб макар за децата. Затоа собира шишиња, од отпад вади бакар па го продава за да извади некој денар. Но, поради многуте кредити кои ги подигнал од месечниот приход освен за рати и сметка за струја не му преостанува ништо друго. Затоа вели тој, детето го испраќа гладно на училиште и ги гледа гладно додека другите деца јадат. А, поради сиромаштијата не може да ги однесе ниту на лекар, а и двете деца му се со пречки во говорот.

-Многу тешко живееме. Се трудам да обезбедам храна, но не успевам. Одам во една прљава река и вадам шишиња, па продавам за 20 денари килограм. Колку да однесам дома леб да имаат децата. Но, често и ги оставам гладни. Еве еднес го испратив синот гладен во школо. Ако му купат другарчињата кифла ќе јаде. Ако не ќе седи гладен. А, и дома нема јадење… Осудени се да умрат од глад-плачејќи раскажува Бране за Срце на Дланка.

Кога се ќе ни се собере во животот имаме чувство дека никој не не сака и дека никому не сме му важни. Најболно е што дознаваш дека болката ти ја нанел некој близок. Тогаш имаме чувство дека ни е срушен сиот свет. И, бараме сламка за да се фатиме да не потонеме. Ја губиме и вербата во луѓето. А, сепак на крајот пак зависиме од нив. Затоа, кога и да не притисне животот не смееме да заборавиме една работа: Секогаш, ама баш секогаш мора да започнеме од почеток на проблемот.

Доколку сакате да помогнете семејството на Бране да живее подобро можете да ги контактирате на неговиот телефонски број 076917685 или на нивната сметка 200002002232088