Браќата Марјан и Дејан од Скопје живеат заедно со своите кози, во нечовечки услови и во голема неизвесност
Марјан Петковски од скопски Бутел е лице со здраствени проблеми, живее со својот брат Дејан кој исто така има низа здраствени проблеми.
Од многу мали се останати без татко и се сираци, мајка им ги носела на логопед, на доктори и пробала се за да ги социјализира.
Пред нејзиното заминување на другиот свет оставила аманет на Марјан да се грижи за својот помал брат Дејан кој е во многу полоша состојба од него и да не го дава во дом.
Додека била жива мајка им, колку толку им обзебедувала и готвела јадење, ги перела, но денес тие живеат во не хумани услови.
Покривот на куќата им се распаѓа, темни и студени ѕидови, куќа без тоалет. Одат по цркви и народни кујни за да го преживеат денот.
Марјан собира шишиња и старо железо а Дејан не е способен ниту за тоа. Нивна голема желба им е да добијат барем една нормална соба и да ја наследат пензијата од мајка им.
– Соседите ми велат да го дадам во дом брат ми, но јас го одржувам аманетот на мајка ми, колку можам му помагам, тој е лице со посебни потреби но не добива никаква помош од државата.
– Живее заедно со козите кој се со нас во куќата, брат ми единствено за нив се грижи колку толку, вели Марјан пред камерите на ,,Срце на дланка”
– Во куќата е многу ладно, немаме пари за дрва, прозорите ги лепиме со селотејп, дува од сите страни, често и се разболуваме поради тоа.
– Јас го памтам колку толку мојот татко, но брат ми не го ни памти не знае ниту како изгледа, останавме сираци многу мали.
– Имам средно образование, јас сум машински техничар. Брат ми цело време ја бара мајка ми, му велам дека ќе дојде, немам друг избор, вели со солзи во очите Марјан.
– Јас ги чувам козите, така го пополнувам времето, да не се тие јас не знам што би праваел, за јадење одам во народните кујни и таму ми даваат, вели Дејан.
– Јас живеам до нив, но како што гледате ситуацијата е многу лоша, јас кога можам им помагам, но тие не знаат ниту да се исперат ниту да измијат, козите спијат со нив, вели соседката Олгица.
– Се обратив во сите институции, барав да му доделат на брат ми некоја помош, но тие ми рекоа штом чува кози, за него не следува помош.
Доколку сакате да и помогнете на овие браќа на било каков начин тоа може да го направите на телефонскиот број 078 416 765 или на трансакциската сметка 300007076341902 Марјан Петковски.