Бугарите презадоволни од настапот на македонската пејачка кај нив: Ни беше големо задоволство да уживаме
Веќе на многумината од нас ни се познати македонско – бугарските политички односи кои во последно време станаа ептен експонирани.
Иако истите во голема мера влијаат на низа полиња, сепак обичниот човек знае да има меѓусеба самопочит и толеранција.
Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.
За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.
Анета и Молика изминатиот период едноставно не можат да кренат глава од настапи. Ако кажеме дека повеќе се надвор од државата, нема да погрешиме.
Па така беше и изминатиот викенд кога познатите битолчани имаа настап во соседна Бугарија, поточно во Благоевград.
Токму од локалот каде што настапуваа кај нашите источни соседи излегоа со јавна благодарност и притоа напишаа:
Неспоредливо е задоволството да запознаеш талент како Анета Мицевска Молика во живо!
Нам и на гостите на ресторанот Ројал Парк ни беше големо задоволство да уживаме во прекрасната музика и прекрасната изведба на Анета и Група Молика.Ќе ве чекаме повторно