Валентина од радовишко е маж и жена во семејството: Со тешко срце проговори за животот кој го има
Валентина Миткова е силна селска жена и можеби олицетворение на македонската жена од минатото. Од Дамјан пред 30 години се мажи во радовишко Габревци со лице кое од раѓање има здравствени проблеми. Можеби тоа ќе ја принуди, но, и зајакне да биди цврста во раснењето на децата и градењето на домот.
Зашто, таа и тогаш, но, и денес е и маж и жена во куќата. Ова семејство живее од тутун. И, можеби никогаш немаше да се пожалат, доколку не беше неспособноста на сопругот Трајан да работи сам со неа, додека нивниот син Ратко се боли со тешки проблеми и болки во главата кои траат со денови и постојано се повторуваат.
А, само синот знае како да го вози тракторот и од него зависи целата работа на нива. И, покрај тешките услови, тие не добиваат некаква социјална помош. Годишната заработка оваа жена умешно ја распределува да има за се по малку и да не дојдат во состојба да гладуваат.
И, условите во куќата се лоши бидејќи се е останато и недопрено од времето на родителите на Трајан. Сепак, се надеваат и ќе кажат доволно им е само да им дозволат социјална помош за да можат да бидат сигурни дека еден ден нема да гладуваат.
Валентина пред три децении се мажи со Трајан од Габревци до надеж дека ќе имаат убав живот. Не ни помислувала дека сите одлуки и обврски доживотно ќе бидат врз нејзиниот грб. Раѓа две деца, син и ќерка. Ќерката се мажи, а синот е со неа и сопругот, и главниот во обработката на тутунот, зашто сопругот не е способен да вози трактор и многу да работи. Затоа, синот Ратко и не може да си најде работа со стабилна плата. Приходот од тутунот не е доволен на ова семејство убаво да живее.
-Се омажив со надеж дека убаво ќе живееме. Сопругот Трајан сиот живот бил потискуван од најблиските и бев принудена да бидам и маж и жена. Родив две деца. И, тие живеа тешко покрај нас.
Син ми поради хендикепот на татко му, не може никаде да се вработи, зашто мора со нас да оди да работи тутун. Многу е тешко, а со парите од цела година заработка имаме да јадеме само две недели во месецот-вели Валентина започнувајќи да го раскажува својот живот пред камерите на Срце на дланка.
-Тешко ми е што не можам повеќе да работам. Поради мене и син ми не може друго да работи. А, јас да бев силен и да можев да работам се ќе беше полесно. Или барем да земав некоја помош, друго е -додава Трајко, сопругот на Валентина за Срце на дланка.
-Имам сериозни проблеми со главата и многу често поради главоболките кои траат со денови не можам да одам на тутун. Жал ми е за моите, но, тие денови само лежам и сум под дејство на апчиња.
А, тешко се живее. Многу се трудиме, но, се е залудно. Со парите не можеме да си обезбедиме пристоен живот. Барем татко ми да земаше поради хендикепот некаква помош за да имаат барем тие за храна. Јас, ќе најдев некоја работа. Ќе се снајдев за мене- вели Ратко синот на Валентина.
Големата оддалеченост на селото од градот прават ова семејство уште потешко да живее. Па, затоа се надеваат дека ќе ја отплатат куќата со годинешниот приход од тутунот, која ја виделе и резервирале во Струмица.
Таму барем –ќе каже Валенитина синот може да најде и работа, а таа и сопругот колку можат ќе садат самите тутун. Но, сепак, најголема помош со оглед на здравствените проблеми на сопругот ќе биде социјална помош или нега за Трајан, која ќе им даде поголема сигурност и полесно да го поминат целиот месец.
Доколку сакате да помогнете на Валентина и нејзиното семејство, тоа можете да го сторите на нивната трансакциска сметка 210501606213640 и на нивниот телефонски број 078313296