Ване Цветанов проговори за љубовниот живот: Кажа зошто раскина со Дунавка и откри дали навистина има нова девојка

Многу се зборуваше и пишуваше за големата љубов помеѓу познатата манекенка Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција.

Тие двајца ја доживеаа својата втора младост еден крај друг, постојано шетаа и споделуваа на социјалните медиуми фотографии и видеа од нивното заедничко поминато време.

Дури Ване Цветанов во ноември од Министерството за внатрешни доби кривична пријава за злоуп отреба на службана положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра, повторно се најде во центарот на вниманието.

Имено, тој се товари дека вршел незаконски јавни набавки и ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања.

Сепак во меѓувреме освен што остана без работа, остана и без девојка па така тој и Дунавка повеќе не се заедно.

-Со Дунавка не се скаравме, едноставно ни се разделија патиштата. За жал големите проблеми и притисоци што ги имав на работа, длабоко се рефлектираа на врската.

Дунавка се обидуваше да помогне колку може, но за жал привремено победија деструктивните антиевропски сили –вели Цветанов во интервју за Фокус.мк каде што додаде:

-Жената со која што објавив слика е моја соработничка во еден проект, а бебето е на нејзина пријателка… Никаде не напишав девојка… Сам сум во овој период од животот и фокусот ми е кај моите деца