Велешанецот Трајче се бори да докаже дека е жив откако го прогласиле за мртов и го оставиле без пензија

Административна грешка која може да чини здравје. Велешанецот Трајче останал без пензија, отпремнината била исплатена на трето лице откако административно во подрачната единица на ПИОМ бил евидентиран како починат.

Чуството дека те прогласиле за мртов а ти си жив не е пријатно – сведочи Трајче за ТВ 24.

„Се јавувам и велам немам пензија, се претставувам кој сум со име презиме. А од другата страна како може да си ти кога си починат. Им велам еве ви чек, еве лична карта. А од тамо повторно ми велат, вие дури и треба пари да вратите. Ме оставија цел месец без леб.

Од Фондот му кажале дека за него се исплатени и пари за погреб:

„Ми вели вие сте земале 35.000 отпремнина за погреб, пари што воопшто не ги добив“

Се отвора и прашањето дали ваквите административни грешки се исклучок и дали некој воошто поднесува одговорност.