Венко Филипче неутешлив, се прости од човекот што му ги пренесе животните искуства
Веќе на големо се прошети веста дека за жал утрово на 77-годишна возраст по тешко бол едување се упокои нашиот ценет и почитуван Проф. Д-р Јовица Угриновски.
Доктор Угриновски е роден на втори октомври 1945,а Медицинскиот факултет завршил во Скопје. Специјализирал неврохирургија во Скопје во 1975 година,а потоа завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981). Магистрирал во 1978 година, а докторирал во 1986 година.
Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на кр вните садови во мозокот.
Во 1995 година д-р Угриновски при атентатот врз Претседателот на РМ Киро Глигоров изведе сложени неврохируршки оперативни зафати, по што Глигоров се опорави.
Организатор е на Итната санитетска хеликоптерска служба во РМ, како и на повеќе волонтерски организации, а се занимаваше и со алпинизам. Публикувал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги. Сопственик е на приватната клиника „Неуромедика“.
Многу јавни личности, но и негови пациент се простуваат преку социјалните мржи.
Еден од нив е и поранешниот македонски министер за здравство, Венко Филипче кој воедно и му беше колега по занимање.
Филипче на својот фејсбук профил сподели емотивен статус во кој што вели:
Ти благодарам професоре што ми ги пренесуваше неврохируршките и животните искуства. Нека ти е вечна слава!