Ветената држава за многу Македонци оваа година ќе и донесе плус приход

За повеќето работници во Германија, нето приходот ќе се зголеми во 2024 година. Пресметката покажува какви придобивки можат да очекуваат самците, оженетите и семејствата со деца.

Со или без зголемување на платите, повеќето работници во Германија можат да очекуваат плус на платниот список во 2024 година.

Ова е главно затоа што Владата ја зголеми основицата за даночни олеснувања, што е износот што секој може да го заработи без да плати данок. На крајот на годината сумата се зголемила од 10.908 евра на 11.604.

Како што пресметала софтверската компанија Датев за германските медиуми, тоа значи и до 563 евра повеќе годишно.

Во конечниот износ, олеснувањето е најголемо онаму каде што одбитоците се високи поради високите приходи. Според податоците, најголема предност имаат самохраните со бруто плата од 7.000 евра. Во 2024 година ќе добие 563 евра повеќе од 2023 година.