(ВИДЕО) Врчак извади нова песна, дует со ДНК па порача: Сега ќе престанат да ме малтретираат луѓето

Раде Врчаковски врчак вечерва ја промовираше песната, дуетот со ДНК, а нешто претходно на својот фејсбук профил напиша:

Yeeeееее :))))))) денес излегува новата песна 🩷 ((ќе престанат да ме малтретираат луѓе за нови песни да правам (барем некое време)) а нови песни ќе имаааа :)))))))

Наскоро ќе излезат две преубави песни (една со Антониа и една со Барбара), а потоа една со Ламбе, па уште една со Андреј и Панчо која, а ќе има и други нови

Па ќе правиме промо на америчкиот албумот во Америка кој е за низ цел свет (врв е велат самите американци и заслужува да е number 1 на сите топ листи) а и на научните откритија – да се дојде до внимание низ цел свет против робствата на планетата и да се делува во намалување на глобалното затоплување, и да имаме поубав, подолг и поздрав живот, како и иднина без робства на планетата Земја