(ВИДЕО) Громогласен аплауз и скандирање Сашко, Сашко – голем број колеги, пациенти се собраа пред државна Кардиохиругија
Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека нема политика во разрешувањето на директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев.
-Апсолутно не, секаде кај ќе има злоупотреби со мене како министер ќе има и санкционирање, рече денеска Меџити, на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за ендокринологија.
Тој најави дека службите на Министерството за здравство попладне во 15 часот на брифинг со медиуми ќе информираат за случајот, за кој има многу реакции во јавноста.
Денес точно напладне пред државна кардиохиругија се собраа голем број колеги, пациенти на д-р Сашко Јовев кои со громогласен аплауз и скандирање Сашко Сашко го поддрржа докторот кој имаше обраќање пред медиумите.
Каква беше атмосферата може да проследите во продолжение на видеото.