(ВИДЕО) Драматична снимка од Лефкада: На една од најпознатите плажи во последен момент спсен давеник
Италијански државјанин пред два дена е спасен од морето во Порто Кацики во западниот дел на Лефкада, откако спасувачите слушнале дека туристот се дави.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, спасувачите по име Орест и Јоргос имале полни раце работа бидејќи големи бранови во текот на целиот ден ја зафатиле речиси целата плажа на споменатото место и биле на готовност во случај на инциденти.
Храбрите спасувачи кон крајот на смената почнале да ги пакуваат своите работи, подготвени да се упатат дома, кога капачите ги пресретнале и пријавиле дека турист се дави во морето.
– Без ниту еден збор и двајцата се нурнаа и успеаја да го извлечат италијанскиот турист жив и здрав – известија сведоците кои со овации ги поздравија спасувачите.
Инаку, оваа плажа има само по еден спасител по смена, но денеска дојде уште еден поради претходно најавената плима. Моменталната состојба на давеникот не е позната, но тој е спасен во вистински момент.