(ВИДЕО) Жив фатен на дело како краде од црква во Сарај: Го снимија со пленот и го објавија
Во изминатиот период често можевме да сретнеме објави од дневниот билте на МВР кои информираа за разбојништва на цркви ширум Македонија.
Една од оние цркви кои имаат тешка историја на грабежи е онаа во село Сарај, Света Злата Мегленска
Црквата која почнала да се гради во 1996 година, но поради финансиски проблеми изградбата траела 15 години.
Во 2007 година во црковниот двор била извршена тешка кражба на градежен материјал.
Кон крајот на ноември 2017 година било украдено црковното ѕвоно тешко околу 160 килиграми.
За жал историјата на кражби не престанува, па така и денес беше на мета на ајдуци, но за среќа истиот беше фатен на дело и пленот му беше одземен.
На фејсбук кружи снимка објавена од Александар Антевски на која се гледа како крадецот на излегување се пребркува и од џебовите вади банкноти денари одздемени од црквата.