(ВИДЕО) Зоран Заев донираше возило за Брза Помош – лично тој го возеше и докара во болница

Возниот парк на струмичката болница е побогат за уште едно амбулантно возило, донација од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.

Директорот на Фондацијата, Зоран Заев и членот на Одборот на Фондацијата, д-р Венко Филипче во присуство на заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева и го предадоа амбулантното возило на директорката на ЈЗУ „Општа Болница“ Струмица, д-р Катерина Кузмановска.

Возилото кое е од марката Форд во кругот на болницата лично го донесе самиот Зоран Заев со возење.

Ова е уште една од низата донации кои Заев преку неговата фондација ги има донирано.