(ВИДЕО) И возило на „Итната помош“ не се пропушта поради Столтенберг – под ротација и сирени се држеше на семафори
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е во официјална посета на Скопје.
Притоа ја посочи Македонија како земја која е успешна во многу работи, вклучително, како што рече „и успешно мултиетничко општество, кое им демонстрира на регионот и на светот дека луѓе со различна позадина можат да живеат заедно на мирен начин“.
Поради неговата посета централното градско поддрачје и низа улици беа блокирани во одреден период од денот поради делегацијата и трасата која што ја поминуваше.
„Жртва“ на сообраќајниот режим беше и возило на Итната помош кое под светлосни ротации и сирени мораше да чека на една од скопските крстосници.
Се појави видео на Х на кое се гледа како полицаец е пред возило на Итната помош, а корисникот напиша
-Цела минута не ја пуштаат брзата помош што пишти, за да помине Столтенберг.
Цела минута не ја пуштаат брзата помош што пишти, за да помине Столтенберг. pic.twitter.com/Zxqd36xdGl
— Господин (@borisofskopje) November 22, 2023