(ВИДЕО) Ново шоу на Вучиќ, повторно се возеше и пееше песна од Лепа Брена: Пак му побегнав на обезбедувањето
Претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерот за финансии Синиша Мали вечерва се прошетаа кај „Зимска бајка“, популарно место кое белграѓани го обожаваат, а видеото од ова излегување беше објавено и на Тикток.
– Синиша е снимател, видеограф или што и да кажете. Побегнавне на момците од обезбедувањето, ова е „зимска бајка“, погледнете колку луѓе изгледаат одлично, сите се среќни, спремни се за празниците – вели претседателот Вучиќ додека вози.
Тој му рекол на министерот Мали дека денес кај него бил еден странец, а за кого станува збор ќе објави подоцна.
Рече се е супер, победивте убедливо, но вели за градот дајте им ги изборите. Не можам да дадам, рече народот, државата не може да се сруши. Така кажа народот – посочува Вучиќ.
Ова се четири години мир, четири години напредок за Србија, додаде тој.
Мали потоа откри какво „изненадување“ подготвил и на радио ја пуштил песната „Четири године“ на Лепа Брена, на која заедно запејаа претседателот и министерот за финансии.
@jasamaleksandar Četiri godine, godine duge…😊@Siniša Mali #cetirigodine #srbija #jasamaleksandar #follow ♬ original sound – Ja sam Aleksandar