(ВИДЕО) Слупчане вечерва буквално гори откако ЕВН им ја исклучи струјата

Македонските медиуми на албански јазик вечерва соопштуваат дека е блокиран патот кон општина Липкова.

Голем број демонстранти од село Слупчан го блокираа патот кај местото викано „Бунари и Беј“, а од снимките се гледа дека палат и огнови.

Како што се наведува причината за ова е што ЕВН ја прекина струјата до селото Слупчане, па тензиите како одминува ноќта дополнително ќе раснат.

Како што е од поодамна познато жителите на ова село се големи должници за струја и неплаќале сметки со години, односно децении.

Се уште не е познато дали на терен се излезени припадници на МВР.