Маријана од Велес: Секојдневно бев претепувсна и сечена, сега да не 13 годишното синче за леб нема да имаме

Маријана Николовска Јашарова има 39 години и многу тежок живот. На сопствениот татко не се сеќава ќе каже таа зашто мајка и уште додека таа била бебе се премажила и животот и продолжува во ромско семејство. А, подоцна на само 13 години влегува во прв брак каде е малтретирана и таа и децата тврди оваа жена.

Но, надежта ја втурнува во нов брак каде според нејзините кажувања доживувала уште поголем пекол. Семејното насилство и тортурата вели Маријана се случувале и пред очите на децата. Еден ден таа била толку повредена што завршила во шок соба, а децата требало да бидат згрижени од социјалните служби. Сепак, оваа напатена жена собира сила и со децата од Штип се враќа во родниот Велес каде продолжува да живее под кирија и со приход од социјална помош.

На Маријана единствена светлост и биле и ќе и бидат децата. Тие сеуште се малолетни, но, највозрасното од нив 13 годишното вредно момче секое утро станува во 4.30 и оди под безвоздушните оранжерии каде бере краставици за да донесе леб за семејството. Со денови ова семејство останува и без воопшто храна, но, живее во надеж дека еден ден ќе добијат социјален стан и ќе имаат доволно средства за нормално да живеат.

Маријана Николовска можеби само првите две години од животот живеела безгрижно. Родена е и порасната во Велес, со мајка и и очувот кој бил од ромско потекло, но, ја чувал ќе каже таа како да е негово дете. Многу млада влегува во прв, набрзо и во втор брак во кој доживува тврди таа пеколни ситуации. А, еден ден толку била повредена што две недели завршува во шок соба, а на децата им се заканувало социјални служби да ги превземат и однесат во дом.

-Бев мала кога моите родители се разведоа и можам да кажам дека за татко го имав очувот кој ми беше се. Но, за моја несреќа млада се омажив и ми започна лошиот живот. Првиот маж ме малтретираше, тепаше, иако, му родив три деца. И, како да ми беше малку тоа, и во вториот брак направив лош избор, можеби и полош од првиот пат, зашто и сега повторно со три деца секојдневно бев претепувана и сечена.

Еднаш дури завршив на Карил каде бев две недели, а сопругот сеуште е во затвор. Социјалното сакаше да ми ги одземе децата. Но, со прибрав и реков сама ќе ги растам. И, еве толку години сами живееме и преживуваме- вели Маријана.
Оваа напатена мајка вели дека сиот живот живее сиромашно и под кирии. Во моментов од пред два месеци со децата живее во една мала соба која се обидува да го преадаптира во топол дом.

Но, минималните средства кои ќе ги зема само уште неколку месеци не се доволни, па за да преживеат, бидејќи таа е премногу повредена и не може да работи, принудена е малолетениот син да го буди во рана зора и да го испраќа во оранжерии за да донесе некој денар за леб. Затоа оваа мајка ќе каже, да имам за децата да не ми патат за леб друго ништо не ми е важно.

-Одам да работам под оранжерии берам краставици за да донесам леб за брат ми и сестра ми. Порано како помал фрлав ѓубре на соседите и ми даваа по 50-60 денари и пак ги носев дома за храна. Не можам да одам да учам, зашто кој ќе ги прехранува моето братче и сестриче вели малиот Џенгиз, кој има само 13 години, и многу помал ја почувствувал горчливата страна на животот.

Јас не смеам да работам поради повредите во главата. Не смеам да стојам под сонце, па, принудена сум син ми да го будам во 5 наутро за да го испратам на работа. И, болен оди само да донесе храна за нас. Многу ми е жал, ама малово ми бара сабајле лепче, и ми вика, нема ништо само вода…плачејќи раскажува за тешкиот живот Марјана.

-Не сакам многу, сакам да имаат храна и топол дом моите деца за да можат безгрижно да живеат-завршува таа за Срце на дланка.

Доколку сакате да помогнете на ова семејстгво, тоа можете да го направите на жиро сметката на Марјана 500600019829513 или на нејзиниот телефонски број 073830446