(ВИДЕО) Турист спаси жена на позната плажа во Грција – правела селфи со сопругот, едно лице го загуби животот
Српски турист му спасил живот на едно лице на плажата Катизма на грчкиот остров Лефкада, јавуваат локалните медиуми.
Застрашувачки се деталите на очевидците за трагедијата што се случи во саботата во едно популарно грчко одморалиште, која резултираше со смрт на романски турист и загрозување на неговата сопруга.
Имаше многумина кои сакаа да му помогнат на човекот кој се обидуваше да се спаси, но на крајот не успеа.
Најпрво, според очевидци, парот, како и многу други кои биле на плажа, додека брановите биле огромни, се обиделе да направат селфи во вода.
Брановите сепак ги понесоа несреќниот маж и неговата сопруга. Според сведочењето на српски турист кој бил таму со семејството и се уште не се опоравил од шокот, брачната двојка правела селфи, а жената во тој момент ја однеле брановите.
– Веднаш истрчав и се обидов да ја фатам и покрај тоа што жена ми и ќерка ми врескаа. Во еден момент и двајцата бевме под вода и мислам дека бран не исфрли на брегот.
Тогаш некои луѓе ми ја зедоа од раце и ја одвлекоа по песокот на безбедно место. Тогаш сфативме дека нејзиниот сопруг не е таму бидејќи жената почнала да вреска – рекол тој.