(ВИДЕО) Целосно изгоре автобус кој тргнал од Скопје – пристигаат првите снимки од лице место

Сеќавањата од автобусот на Беса кај Бугарија се уште се свежи, а вечерва се случи слична сцена, но за среќа без загубени човечки животи.

Имено автобус на Ниш експрес кој сообраќл од Скопје, Македонија не го довраши патото и последната своја станица, а тоа е Белград.

Пожарот е локализиран и нема повредени, кога на автопатот кај Дољевац се запалил автобус, потврди нишката полиција.

Пожарникарите околу 20 часот и 30 минути биле известени дека на автопатот, кај селото Орљане кај Дољевац, гори автобус, а од полицијата велат дека нема по вредени.

Пожарот е локализиран, интервенирале 4 пожарникари, со 3 возила – додаваат од полицијата за „Јужне весте“

Очевидци велат дека се работи за автобус „Ниш експрес“ кој се движел кон Ниш и дека во моментот на пожарот сообраќајот бил забавен на тој дел од автопатот.

Првите снимки од лице место веќе започнаа да кружат на социјалните мрежи, а може да се погледнат тука.