(ВИДЕО) Шоферите на приватните автобуси живеат буквално во нив, импровизирани кујни и спални
Приватните превозници не отстапуваат, блокадите продолжуваат. Доколку не се најде решение тие не ја исклучуваат можноста да блокираат повеќе сообраќајници низ Скопје.
Автобусите на приватните превозници во колони сè уште се паркирани на „Илинденска“, а откако, како што велат, изгубиле надеж за решение од локалната власт, помош очекуваат од извршната
Бараме средба со премиерот Димитар Ковачевски, оти друго чаре нема.
Тие го навлекуо гне вот на граѓните поради тоа што е отежнат сообраќајот во главниот град и се стигнува тешко до посакуваната дестинација.
Новинарот Фуркан Сали реши да ги посети возачите и да сними како изгледа автобус во кој што буквално живеат деновиве. Ноќеваат, се хранат и престојуваат.
Со греалки на плин, импровизирана кујна, како и кревет од неколку седишта, а си имаат донесено и ќебиња.
Дали ви е топло дома? Со дрва или на струја се греете?Шуќур што имате можност да бирате… Сопствениците на приватните автобуси ја немаат таа можност.
Или на ладно на улица, или на ладно дома затоа што немаат со што да платат за дрва или како да ги платат сметките.Некој веројатно се збогатил на нивен грб.
Колку оваа држава се интересира за 3-400 граѓани кои го вадат лебот служејќи на градот најдобро зборува ова видео.