Видое е директор за пример: Со години ги пренесува учениците до училиштето и оди во секоја куќа

И покрај длабокиот снег и високите наноси, училниците во селските училишта се сè уште полни, а малите ученици, со црвени образи и со големи ранци на грб, се вистински херои кои редовно пристигнуваат на часови.

Во тоа им помага нивниот личен херој, директорот на основното училиште во Братљев во Србија, Видое Коларевиќ, кого сите во оваа далечна област го знаат како Уча.

Тој патува преку 100 километри дневно за да стигне до куќата на секој ученик и да ги донесе на часови и никој од нив да не задоцни.

– Учениците живеат на различни места и јас ги земам на неколку „тури“. Патот е многу опа сен во зима, на него има мраз и кал, па без квалитетно теренско возило децата практично не можат да стигнат до училиште, изјави Видое за ,,Рина”

Со години станува пред петлите за навреме да стигне до секоја куќа во расфрланите села и да ги донесе децата на училиште.

– Имаше дотраено возило кое веќе беше на залез на кариера, но пред неколку години на адресата на училиштето пристигна исклучително вреден поклон – теренска Лада Нива.

– Таа добро го послужува улилиштето, а малите ученици се пресреќни и со насмевка на лицето одат на училиште, велат од училиштето.

– Секогаш има многу позитивна енергија во нашите редови. Децата секогаш ме смеат. Најчесто зборуваме за тоа како им било на училиште, што треба да научат.

Сите добро се сложуваат, добри се, а водно и добро воспитани деца. Ќе има добри и храбри луѓе еден ден, рече Видосав.

Инаку, Учо, како што нагалено го нарекуваат директорот на ова училиште, освен што ги вози учениците, често е единствената врска со старите и бо,лните од овие краишта.

Не му е тешко да ги однесе на лекар или да донесе лекови и храна од Ивањица кои им се неопходни во долгите зимски денови.