Виетнамка со веспа од 50 кубика го пропатувал цел Балкан, ама во Македонија и се случил пех, па проговори кој ја спасил
Симпатичната Виетнамка Елизабет Данг, која од Австралија се пресели во Србија ги освои сите во таа држава, но и регионот со својата непосредност, но и со фантастичното познавање на српскиот јазик, кое го научи за кратко време.
Авантурист по природа, оваа бестрашна девојка уште еднаш се реши на неверојатно патување, па со својата мала веспа за помалку од два месеци ги посети сите главни градови на сите земји од поранешна Југославија. Кога ја пресметала километражата дошла до бројка од 3.600 километри, бидејќи под нејзините тркала биле наредени Белград, Подгорица, Љубљана, Загреб, Сараево и на крајот Скопје.
– Веспа е мала и само 50 кубни метри. Мојот најголем проблем е што не ги купив вистинските гуми за ова големо патување. Паднав неколку пати поради ова, но добро е што носев добра опрема, па падовите не беа страшни. Веспата издржа многу добро и по големиот сервис во Словенија беше како нова.
Претежно возев околу 200 километри без пауза, по таа рута секој пат ќе требаше да застанам за малку да се одморам – низ насмевка раскажува Лиз.
Некогаш и не беше се така супер, но благодарение на добрите луѓе таа од секој проблем излегуваше како победник. Кога од Скопје се враќала во Србија била сама и навигацијата ја вртела во круг.
По речиси два часа возење и уште еден пад, таа не можела да го напушти селото каде што била. Случајно некој од тоа село препознал дека има БГ таблички и дека изгледа изгубено. Ја пронашол поранешен српски полицаец кој живее и работи таму.
– Ми кажа дека сум во српско село во Македонија. Бидејќи веќе беше доцна и се стемнуваше, тој ми помогна да ја ставам веспата во багажникот и заедно возевме преку граница и назад до Врање, каде што дечко ми чекаше да ме вози дома. Му дадовме илустрација од Белград каде што тој живел некогаш и сакавме да го почестиме со вечера, но тој не сакаше ништо да земе, само сакаше да ми помогне и безбедно да ме врати во Србија. Многу сме му благодарни на тој човек, се вика Саша. Мојата надеж и верба во добрите луѓе по ова патување е многу поголема, вели оваа храбра девојка.