Вонредно обраќање од ЦУК до сите што се наоѓаат во околината на Беровското езеро
Снежните врнежи веќе втор ден засилено паѓаат на територија на поголем дел од Македонија а со тоа се создаваат и проблеми.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци низ државата. На сила забрани има на патните правци на крак Маврово – Маврови Анови, Крива Паланка – г.п. Деве Баир, Тетово – Попова Шапка и Струмица – Берово.
Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово – Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег, а од 10:30 часот и на патен правец Тетово – Попова Шапка, односно на потегот од с.Лисец кон Попова Шапка.
Центарот за управување со кризи издаде вонредно соопштение за сите граѓани кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро, да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достави се што им е потребно. Поради врнежите од снег и паднати дрва по патот затворен за сообраќај е и патот Берово-Струмица.