Во акција на тигрите падна едно лице и заплена во голема вреност

На ден 18.03.2024г. од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога при Оддел за криминалистичка полиција, во координација со САЕ Тигар и Единицата за НТ при СВР Скопје беа преземени мерки со цел постапување по Наредба за претрес на дом и други простории кај лицето Г. П. од Скопје.

Претресот е извршен по претходно спроведена истрага за лицето Г.П. за кого веќе се обезбедени материјални докази дека истиот подолг период вршел продажба на наркотична дрога хероин.

За време на претресот кај Г.П. пронајдени се 1 паковка со непозната прашкаста материја, 1 мала дигитална вага со остатоци од прашкаста материја, 129 алуминиумски паковања со траги од непозната материја, 2 мобилни телефони, како и предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела и тоа, 2 лап топи (Apple MacBook Pro и Acer), 11 рачни часовници (Emporio Armani, Disel, Cerruti 1881, Festina, 2 Casio, Breitling, Paterson, Rado, Adidas и Vivaldi) и 2 велосипеди (Specialized и Scott).

Лицето Г.П е лишено од слобода и по документирање на случајот од страна на ЕНТ при СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 и чл. 216 од КЗ.