Вучиќ вечерва од Њујорк јавно се извини на народот во Македонија
Претседателот на соседна србија, Александар Вучиќ вечерва од седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на својот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
-Замислете, најпопуларен политичар во Македонија не е Курти, туку претседателот на Србија, Вучиќ, кој нема никаква кампања во Македонија. Се извинувам како претседател на Србија што нашиот граѓанин вака се однесува на меѓународната сцена – рече Вучиќ.
– Сакам да им пренесам на народот на Македонија дека мешањето во нивните внатрешни работи не е политика на Србија, туку на нашиот неодговорен граѓанин Аљбин Курти – рече Вучиќ.