Германската амбасада во Скопје до сите Македонци кои бараат работна виза: Едно нешто мора да знаете и да ви е јасно
Голем број Македонци се решија да се иселат во Германија во потрага по подобар живот, а многумина мечтаат да кренат по нивните стапки.
Па така интересот за работна виза во Германија кај Македонците е голем, а од амбасадата во Скопје се огласија со соопштение во кое се вели:
„Драги подносители на барање за виза,Фер и транспарентно доделување на термини за поднесување на барање за виза како и проверка на Вашите барања согласно важечките закони се наш и Ваш заеднички интерес.
За жал, постојано има луѓе кои со погрешни информации сакаат да извлечат профит за себе. Лагите и погрешните информации Ви штетат Вам и на Амбасадата.
Неодамна, беа уапсени 2 лица во Гостивар поради вакви обвинувања, а печатот повеќе пати известуваше за тоа. Затоа, заштитете се и имајте предвид:
Термини за виза се доделуваат само преку веб-страната на Амбасадата! Оној што Ви ветува термин за пари, лаже! Термините не може да се купат!
Лицата што на улица се претставуваат како вработени во Амбасадата и даваат ветувања, лажат!
Доколку некој Ви понуди фалсификувани или лажни јазични сертификати, одбијте! Нашите вработени се обучени и препознаваат вакви фалсификати. Вашето барање ќе биде одбиено. Детални и доверливи информации има на на