Данче од Радовиш: Се ќе направам да оздавам, најголема желба ми е да имам за терапии и лекување
Данче Малинова потекнува од Радовиш од сиромашно семејство. Тешко го поминала детството и младоста. Работела тешка работа за да извади денар за храна за да преживее. Пред неколку години се омажила во Струмица, но бракот не и успеал. Последните години била во родниот град за да ја гледа болната мајка. Не знаејќи дека смртта на родителот ќе ја разболи и неа. Лани починала мајка и, а таа веднаш по дознавањето на кобата вест доживеала мозочен удар.
Поради болеста ја губи и работата. И да сака не може да работи зашто е неспособна. Тешко се движи. Парализирана и е едната страна од телото. А, живее со минимална социјална помош. Осамена е, ќе каже низ солзи за себе. Разочарана е и од најблиските кои не дошле да ја видат во станот во Струмица каде живее неколку месеци. Не е способна да си направи и храна, па јаде само храна од конзерви или супа ако и подготви газдата на станот-ќе рече таа.
-Јас ли бев за ова. Бев весела жена и го сакав животот. Преку ноќ се се смени и многу ми е тешко. Затоа, ќе додаде таа- ве викнав и сакам да го раскажам својот живот. Зашто луѓето те ценат само додека си здрав. Се ќе направам да оздравам , но ми треба поддршка за терапии и лекување. Тоа е мојата најголема желба –низ солзи ќе заврши оваа болна жена.
Даница прeд 43 години се родила во Подареш каде работи и живее се до нејзиното мажење во Мокриево пред неколку години. Немала успех во бракот кој траел само четири години. Бидејќи потекнува од сиромашна фамилија кога се вратила во родниот крај морала да седи под кирија во соба преполна со влага зашто братот веќе имал фамилија и живее во една соба. Лани се разболела мајка и и таа постојано била под стрес грижејќи се и внимавајќи на неа. Паралелно и работела. Но, еден ден мајка и умира, а тагата ќе си го направи своето, па Данче добива мозочен удар од кој и денес ги трпи тешките последици.
-Немав некој убав и луксузен живот и како дете, зашто моето семејтво беше сиромашно. Откако се ожени брат ми живеев под криија во радовиш, во соба полна влага. Имав и неуспешен брак, кој ниакко не функционираше, па траеше само три ипол години. Затоа, после разводот се вратив во Радовиш под кирија, каде поледната година ја гледав мајката зашто беше во тешка здравствена состојба. Од стрес откако мајка ми умре, јас една вечер во тоалетот паднав и следниот миг се разбудив во болница. Оттогаш започна мојот пекол-ќе каже Данче за својата состојба.
Откако завршува болничкото лекување на Данче таа се враќа во станот под криија во Радовиш и тешко живеела.Немала средства за бањи, терапии и масажи за да си олесни состојбата, па се сели во Струмица за да ја избегне влагата од тамошниот стан. Денес е осамена. Ќе рече дека многу им помагала на блиските, а сега неа никој не сака да и помогне. Преживеала пет, а сега и се заканува уште една операција на бубрег зашто може дa ја изгуби функцијата и на тој. Во ноќите сама си прави муабет и се теши дека ќе биде добро, но често има и суицидни напади и сака да си го одземе животот. Оваа жена живее само со минимална социјална помош и нега, па откако ќе ги подмири сите долгови за кирија и сметки и остануваат само 3000 денари. Не може да готви поради парализираноста, не гледа со окото од ударот и има многу стравови во неа. Затоа, се обрати за помош за да може да замине на терапии и да купи лекови за да си ја подобри сосотјбата и биде како некогаш.
-Не можев веќе да изфржам во станот под кирија и преку еден познаник ја најдов оваа просторија во Струмица. Прво видов дали има влага и прифатив од лани да седам тука. Но, се друго ми е многу тешко. Немам сила за да работам бидеји десната рака и нога ми се паралзиирани. Од ударот и десното око ми ослепе. Живеам со социјална помош и откако со неа ќе подмирам кирија и сметки од неа, ништо не останува, ниту за лекови, ниту за храна, ниту за одење по терапии. А, се што сакам е да ми се пдообри барем малку состојбата. Да отидам на добар очен доктор, да направам физикални терапии за да ми се ослободи макар раката, и да имам доволно за лекови-ќе заврши Данче за „Срце на дланка“.
Боли осаменоста, посебно кога сме скршени. Боли предавството, посебно кога знаеме дека некому многу сме помогнале. Сепак, постои само една работа која во сончевите денови не се гледа добро. Тоа е пријателството. Тоа најдобро се гледа во мрачните денови, зашто тогаш најдобро гледаме кој останал покрај нас.
Доколку сакате да помогнете на Данче Малинова тоа можете да го направите на нејзината жиро сметка 200003842326085 и на нејзиниот телефонски број 075262098