Дедо Стојан од Кичево: Не сакам да живеам, со 100 денари на ден што да направм

Дедо Стојан е осамен човек, кој потекнува од Македонски Брод, но, поради работата и сопругата во младоста се преселил во Кичево. Се надевал и мечтаел за сопствен дом, но сиот живот ќе го помине под кирии. За жал ќе рече тој никогаш не добил деца, но љубовта и лојалноста од жената ќе ја компензираат таа болка со години. Пред неколку години кога работел на планина за да врати еден долг, дознава дека сопругата дома починала и оттогаш веќе и како да нема волја за живот. Тој работел и се пензионирал со минимална пензија, која не стигнува ниту за кирија, ниту за сметки. Само 3000 денари ми остануваат во месецот за да се прехранам.

Тоа значи само по 100 денари во денот ми остануваат во денот. Да не се соседите околу мене нема да издржам. Живеам тешко во оваа една соба и некогаш јадам леб и паштета, некогаш оброк ако ми донесат соседите. Но, најтешко ми е ќе каже тој што никој од роднините откако почина жената не ми се јавил и сум многу осамен. Тоа ќе заврши тој ми е потешко дури и од сиромаштијата.

Дедо Стојан е роден во село Крапа во семејство од шест деца. Работата ќе го однесе во Скопје, па во Кичево, каде ќе ја запознае и сопругата поради која останува во нејзиниот роден град. Нема да добијат деца, но ќе си бидат доволни еден на друг и целиот живот ќе си помаат во складниот брак. И, иако ќе работат и двајцата нема да успеат да си купат куќа или да добијат стан од државата. И на овие години бил појак и од младите, и со месеци одел по планини да работи и да чува овци за да преживеат со сопругата, но тешкиот живот за овој човек започнва откако таа ќе почине и ќе го остави сам да се мачи со болестите и староста.

-Бевме многудетно семејство ама пристојно живеевме. Сега пола од браќа сестри ми се починати, и тие роднини што ги имам никаде ги нема за да ме прашаат дали сум жив. Работев многу како млад. Од Скопје до Кичево секаде ја има оставено мојата пот. Но, за жал немав пари за да направам свој дом, да си купам стан или куќа. Се оженив со жена од Кичево и тука останав. Господ не ни даде деца. Ама, си бевме доволни еден на друг, убав живот поминавме со мојата сопруга Живка која ме напушти пред неколку годиини, и после која јас веќе не сум жив човек-ќе каже дедо Стојан.

Животот на дедо Стојан се дели на живот пред и после смртта на неговата сопруга. Откако умре таа ќе рече тој мене ми се скрати животот. Живее со минимални 200 евра од кои плаќа кирија, сметки, лекови и за храна му остануваат само по 100 денари да троши во денот. Сепак, вели тој имам златни комшии, кои иако се од друга националност ми носат храна и често ми даваат на заем. Овој 75 годишен човек ќе рече и дека не знае уште колку ќе живее, но, би сакал барем остатокот да го проживее порелаксирано, да има дрва за во зима, храна и макар една своја соба за да му останат доволно средства за лекови за да си го чува кревкото здравје.

-После смртта на сопругата не можам да кажам дека ми е лесно. Секој ден ја мислам и се прашувам дали мораше да ме напушти, дали мораше вака да биде…Додека беше жива одев со месеци по планини за да чувам стока, дека ако бевме задолжени, таа додека не го вратам долгот не спиеше мирно. Морав заради неа да работам и на старост. Земам само 12000 денари пензија и тоа беше премалку и тогаш за да преживееме со неа. Живееме цел живот под кирија, па кога ќе одвоев за сметки, за лекови ми остануваа само 100 денари на ден за храна. И, денес е исто. Само што и јас западнав после нејзината смрт. Не сакам да живеам. Никој не ми се јавува. Имам само едни соседи и доаѓаат ми помагаат , ми носат храна, ако ми треба пари за налекар ми даваат, па кога ќе имам им враќам. Не сакам ништо повеќе, само достојно да го поживеам уште остатокот од овој живот и после да заминам кај мојата Живка-завршува дедо Стојан за Срце на Дланка.

Секое утро знаеме дека и во овој ден ќе има и грешки, и смеа, и рани, и разочарувања. Сепак убавите од неубавите работи не можеме да ги одделиме, па ако ги сакаме едните мора да ги прифатиме и другите. Сепак, лошото не треба а биде причина за да се откажеме, да ги дигнеме рацете од себе и да се сомневаме во животот. Секој од нас има свој ангел чувар и само во него и треба да веруваме.

Доколку сакате да му помогнете на дедо Стојан тоа можете да го направите на неговиот телефонски број или на неговата трансакциска сметка 2704947433010