Диме од Скопје една деценија живее во колиба: Ќе умрам од глад ако луѓе не ми дадат храна, сакм да имам облека и да се избањам како човек
Топлината на огништето е гнездо на душата. Нема човек кој не би посакал сложно и хармонично семејство. Можеби таа слога и хармонија во семејството на Диме Весков од Маџари, ќе траела многу подолго да не починал млад неговиот татко и да не бил изигран околу имотните односи со семејниот стан-ќе каже тој.
Како дете учел во училиште за деца со посебни потреби, иако, и тогаш и денес тој се чувствува нормално како и сите останати. Можеби од револт тој не завршува комплетно ниту основно училиште, па, принуден е сиот живот да се снаоѓа за работа за да преживее. Нестабилниот живот ќе направат Диме и никогаш да не се ожени. Пред околу една деценија сепак започуваат најтешките денови за овој кутар човек.
Откако, како што тврди тој, потпишува дека се откажува од станот во интерес на едниот брат, еден ден тој веќе нема огниште и со месеци е принуден е да спие во приватен автобус на автобуска станица, а, потоа во колиба направена од некој претходен самец, да се всели и следните години да ги мине во неа, гладен, не избањат, не испран, без ндежи и без цели, а единствено друштво со кое си прави муабет во денот и ноќта се стаорците и змиите.
Сепак, луѓе со човечност во срцето, нема да дозволат овој 53 годишен човек да умре заборавен од сите, па, секој ден му закачуваат кеси со храна и вода и го потсетуваат дека светот и не е така црн. Само една работа ќе го направат Диме среќен, да добива редовна храна, да има каде да се избања и да има облека за да ја помине годината.
Диме Весков е роден во Скопје, а, половина живот минал во населбата Синѓелич во Гази Баба. Можеби првата и кардинална грешка уште на почетокот на неговото образование ја прават неговите родители, кога од нормално го запишуваат во специјално училиште и го оставаат во дом за деца без родители.
Сепак, уште многу млад работи физичка работа и се прехранува-вели тој. Не стабилната работа ќе направат тој никогаш да не се ожени, а, очигледно и најголемата грешка ја прави денот-тврди тој, кога по желба на мајка му, се потпишува дека се откажува од делот од станот во интерес на едниот брат, со што сам си потпишува судбина на бездомник и човек без никаква иднина.
-Немав многу убаво детство, моите ме оставија во дом и не завршив ниту основно училиште. Млад почнав да работам за да преживеам и се вратив во станот на родителите во населбата Синѓелиќ. Сестрата почина млада, а потоа и татко ми. Да беше тој жив немаше ова да го живеам, сигурно.
Можеби најголемата грешка ја направи мајка ми кога му го препиша станот на едниот брат кој требаше да ме чува, а тој неа ја стави во дом, а, мене на улица. Првите месеци живеев во стар расипан автобус на станица, а, потоа ја најдов колибава и тука сум со години-раскажува Диме.
Една деценија Диме живее осамнички живот во колиба, во услови недостојни за векот и начинот на кој живееме. Проси за храна, гладува со денови. Другарува со инсекти и стаорци, во зима премрзнува, не се бања со месеци, а во лето тоа го прави во буре со загреана вода од сонцето, но, сепак, си ја признава вината дека сам е ковач на сопствената несреќа и се надева дека еден ден некој ќе му помогне да си стави вилици, ќе има храна и облека за да ја помине и зимата и летото, но, и ќе го дочека денот да почувствува како изгледа бања и топла вода од туш.
-Тешки ми се условите за живот. Во лето е полесно зашто и повеќе работа има за да извадам некој денар за храна. Ако не, живеам од храната што ми ја закачуваат луѓето на ограда. Во зима со месеци не се бањам. Во лето со шишина надвор. Живеам со глувци.
Дури и ги хранам понекогаш зашто се единствените кои ми прават друштво во колибава. Не се плашам од ништо. Но, сакам да се средам, да најдам работа, да направам вилици зашто не можам да јадам.
До скоро немав ниту документи, па еден шофер од градски превоз ми извади и сега може да се пријавам и здравствено и за социјална помош. Но, сакам да работам и да имам каде да се избањам како човек, секако сакам и облека и храна. Тоа е се што ми е потребно во животот-завршува овој кутар човек за „Срце на дланка“
Сите што сакате да му помогнете на Диме Весков тоа можете да го направите на броевите 070833993 и 078359538 или на трансакциската сметка на Александар Богоевски 2707000802629.96 халк Банка