Добра вест за љубителите на свинско месо во Македонија

Свинското нема да поскапи и по Нова година. По огромната хаварија со африканската чума што ја зафати најголемата свињарска фарма во Таринци, состојбата се стабилизира иако треба да помине уште време бидејки таа обезбедуваше 20 отсто од потребите за свинско месо на македонскиот пазар.

Перо Колевски, генерален директор и сопственик на најголемата домашна компанија за одгледување свињи „АГРИА Велес“, за „Слободен печат“ вели дека

Од 2018 година наваму, сточарството во светот оди по надолна линија, а тој процес не ја одмина и Македонија. Но, сепак, нема да има драстични промени на цените, иако и овие кои важат сега се високи за најголемиот дел од граѓаните, изјави за Слободен печат Перо Колевски, генерален директор и сопственик на најголемата домашна компанија за одгледување свињи „АГРИА Велес.

Дека цената на свинското месо ке остане на нозе потврдува и производителот…

Директорот Колевски вели дека во изминатиот месец се спроведувале сите препорачани највисоки биосигурносни мерки, фармата веќе неколкупати се чисти, се дезинфицира и се очекува наскоро да добие дозвола за повторно населување. Сепак, сточарите се борат и со немањето доволно работници, оти никој не сака да работи и покрај тоа што се даваат плати и до 50.000 денари.

Како и во останатите сектори , главен проблем е немањето на работници но и високите плати кои достигнуваат и до 50 000 денари.