Добрила од Дојран одбиена за виза, а причината е бизарна: Жива се изедов
Иако ја делат само неколку години од јубилејниот стоти роденден, Добрила Ивановска Чабриќ, најстарата победничка на „Никогаш не е доцна“, може да се пофали со неверојатна енергија и волја за живот.
Пејачката се уште активно вози автомобил, но поради жештините овој пат се согласи да биде доведена во финалето на деветтата сезона на натпреварувањето за ветерани.
Дека годините не и можат ништо докажува и приказната на Добрила дека подготвува нови проекти, како и тоа што се уште вози автомобил и патува низ целиот свет.
-Подготвувам и монодрама што ќе ја играм во Белград, низ цела Србија и во целиот свет, бидејќи секаде ме викаат. Ме викнаа во Австралија, но не сакаа да ми дадат работна виза, велат даваат само до 75 години, и така изгубив добра тезга, жива се изедов, но никогаш не е доцна , кажа Добрила..
– Немам време да остарам, многу работам, а ако не работам, јас возам. Пред две години добив дозвола од три години, треба да помине уште една година, па претпоставувам дека ќе ми дадат нова – призна пејачката.