Драги од Свети Николе во солзи: Кога ќе дојдат избори ме тапкаат по рамо, а сега никаде ги нема

Драги Фимков е 60 годишен човек кој доживеал многу разочарувања во животот. Иако, потекнува од село Ќоселери, сепак, последните 20 години живее во социјална барака во Свети Николе.

Не затоа што сакал да ја напушти земјата од татка си, туку затоа што тој станал татко на две деца со посебни потреби, па, со сопругата сметале дека подобри услови за социјализација и развој на децата ќе имаат ако се спуштат во градот.

Никогаш не се пожалил на Бога што имал таква среќа,но никако не може и да се помири со фактот што пред 10 години останува без работа

И оттогаш наваму место тој да биде потпора на невините деца, семејството се прехранува од минималната плата на 30 годишниот син Ѓорѓи.

Тоа им е единствениот приход дома, а, давачките се огромни. Повеќе од 5000 даваат само за лекови. На сета не среќа и сопругата запаѓа во постела.

Не смее да ја остави ниту половина час сама зашто не е способна ни до тоалет да отиде сама. Со три бо лни члена дома Драги нема никакаква основа за среќа.

И, сите пари на светот да ги има тој утрешната среќа не може да ја купи. Затоа што здравјето ниту со пари не може да се осигура.

Го бо ли фактот што никој не прашал како е и како го минува денот и да има можност кнедлата во грло да ја преточи во солзи овој човек би плачел три дни и три ноќи без престан.

Сепак, најмногу бо ли неизвесноста зашто не знае кому овие деца ќе ги остави со вакво нестабилно здравје и што ќе се случува со нив.

– Јас сум и маж и жена во куќата, оваа куќа каде живееме се уште не е наша туку е на државата, јас немам никакви примања, вели Драги.

– Сум работел, и земја сум работел се што може да се работи, но сега си го поставувам прашањето ,,зошто сум работел, што постигнав”

– Перам, чистам, ги хранам, жената не е способна за да работи, срцете ме стега од ова што се случува, вели со солзи Драги.

– Откако јас ќе заминам од овој свет, не знам што ќе се случув со децата, ќе останат гладни и без пари, никој не дошол да не праша како ни е.

– Кога ќе дојдат избори само тогаш ќе дојдат и ќе ме тапкат по рамо, а сега никаде ги нема, вели емотивно Драги пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Не можам да се сетам кога последен пат сум се насмеал, никогаш немам влезено во ресторан или кафеана, тоа чуство го немам почуствувано.

– Разочаран сум, нема на што да се радувам, а не знам ни што е тоа среќа, додека беше брат ми жив имав некоја поддршка, но сега…

Доколку сакате да му помогнете на Драги на било каков начин тоа може да го сторите на телефонскиот број 075 482 205 или на трансакциската сметка 300087116012182 Драги Фимков