Д-р. Беќаровски до колегите: Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ?
Докторот Нико Беќаровски уште еднаш се огласи на својот фејсбук профил за случајот Онкологија.
Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ехо преглед во нашиот ехотомографски кабинет.
Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден.
Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам.
Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните.
А НЕКОЈА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НА МОНСТРУМИ, ЗАТСКРИЕНА ВО БЕЛИ МАНТИЛИ, ИМ ГИ КРАДЕ МИЛИГРАМИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ. Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???