Д-р Беќаровски: Имавме држава од која не се срамевме да и го кажеме името, а денес најголем дел од младите одлетаа на север

Според најновиот Светски извештај за среќа за 2023 година граѓаните на Северна Македонија се најнесреќни во регионот.

Северна Македонија е на 87 место меѓу 137 земји, на последното место на Балканот и меѓу најнесреќните земји во Европа, додека Србија е на 45 место.

Причината за некои можеби е и повеќе од јасна, но има и такви кои ќе се запрашаат зошто да сме меѓу најнесреќните нации..Свој став произнесе и доктор Нико Беќаровски во статус на Фејсбук:

Зошто сме меѓу најнесреќните нации ?? Одговорот е едноставен, не погоди најтешката еврејска кле тва: “Да имаш па да немаш”

Имавме држава од која не се срамевме да и го кажеме името и самите ги смислувавме придавките, индустрија која произведуваше од игла до авион, спорт со многу светски и олимписки прваци, образование со најдобри резултати на сите тестирања, бесплатно врвно здравство без термини, култура а не шунд литература, безбедност во секое ќоше на државата, спокој и верба во подобро утре…

За жал во Македонија денес останаа само тие кои го живееа тоа време, а најголем дел од младите оддамна “одлетаа на север” “trbuhom za kruhom”, како што би рекле нашите хрватски браќа.

А ние се уште паметиме и се чудиме каде згрешивме. Некој ќе праша, па добро во таа држава живееа и Србите и Црногорците, па не се меѓу најнесреќните народи, иако и нив не им “цутат розите”

Но, едно големо Но, Тие барем можат без грутка во грлото да го изговорат името на својата држава, можат да се радуваат на успесите на своите спортисти кои се уште се меѓу најдобрите во светот, белградскиот универзитет пристојно котира на рангирањата, градовите не пливаат во смет …

Сепак како непоправлив оптимист на крајот ќе Ви кажам дека и по најголемата бура колку долго и да трае, пак изгрева сонцето и еден ден повторно ќе има смисол првиот стих од Македонската химна “Денес над Македонија се раѓа новото сонце на слободата…”