Д-р Лазаров си кажа што мисли за донирањето преку повици: Простете и не ми се лутете
August 22, 2023
За докторот Ненад Лазаров веруваме дека речиси и да нема кој не слушнал во нашата држава со оглед што од појавата на вирусот во Македонија постојано е присутен во јавноста.
Д-р Лазаров е чест гостин во емисии, но и во печатени и пишани медиуми. Пред се тој е доста активен на социјалните мрежи поточно фејсбук.
Таму секојдневно може да прочитаме објави во кои се споделуваат апели за помош на многу наши сограѓани, па така по тој повод се огласи и тој:
Се изгорев неколку пати со повици за донирање пари на луѓе, оттогаш и престанав да споделувам такви апели, простете и не ми се лутете,
но и онака си имам земено превише туѓи терети, на други начини се помага секојдневно, има доволно други добри и гласни луѓе за тоа да помогнат.