Д-р: Никола Пановски: Значи, ви велам, луѓе, состојбава е крајно сериозна
Докторот Никола Пановски се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:
-Убијте го гласникот!Преку порталот Makfax, на 8.03. се огласи Градот Скопје. Не знам која е таа институција!!! Ако тужиш, да го тужиш градот!!! Реагираат на моите две објави на фејсбук, дека 9 месеци нема советнички орашања и за недавање информации за исчезнати 29 клупи.
Накратко, во текст полн со навреди, во препознатлив стил на Данела, влегов во тимот омаловажени професори од УКИМ, пишува дека моето однесување е срамно за професор и доктор, со објавување на потовитр, па дека ништо не работам и ме интересира само паушалот.
Сепак има неколку информации за клупите, важни за јавноста, а тоа се:
1. Клупите се украдени 2. Пријавено е во МВР 3. Јас сум требало во МВР да се информирам 4. Информацијата требало да оди по партиска линија, ЛДП имала таму помошник министер!!
5. Ако не сум го прашал него, ќе се потврделе основаните сомнежи дека јас сум учествувал во кражбата на клупите, пред се затоа што сум бил многу информиран како се поставени.
Значи, ви велам, луѓе, состојбава е крајно сериозна.