Д-р Сашко Јовев откри зошто е разрешен од Министерот – причината ептен бизерна
Директорот на клиниката за кардиохирургија професор Сашко Јовев е разрешен од министерот за здравство Фатмир Меџити.
Засега решението се уште не му врачено на професорот Јовев бидејќи тој е на боледување. Меџити не ја откри причината за разрешувањето, кажа само дека имало нерегуларности, и дека медиумите тие информации ќе ги добијат од службите.
Министерот вели дека ќе има промена и на други директорски места и дека од 2024 година ќе има раковдители во болниците а ќе има еден клинички диркторк во клиничкиот центар Мајка Тереза.
Кардиохирургот Сашко Јовев со тим од неколку клиники ја направи рвата трансплантација на срце беше изведена на 23 мај 2020, оттогаш има изведено вкупно осум пресадувања на срце.
Јовев лани беше меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес во држвата.
„Пред една недела отворавме хибридна сала и слободно можам да кажам дека е единствена ваква во регионот. Меѓутоа, на самиот настан требаше да присуствуваат премиерот Димитар Ковачаевски и министерот Меџити.
Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога да се официјално пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на бројните активности што ги има. Се одлучивме за таа дата и тука се налути министерот, кој не се појави на самиот настан“, тврди доктор Јовев за „Фокус“.
Според него, тоа е една од причините, за што се уште нема никаков официјален допис од ресорното министерство.