Една од најголемите брани во Македонија на пет сантиметри до излевање

Акумулацијата Калиманци на пет сантиметри до излевање. Обилните врнежи од дожд вчера во Источниот дел од државата ја наполнија браната, ама за сега нема простор за паника, бидејќи нема поплави.

Од АД Водостопанство подружница Брегалница Кочани, истакнаа дека екипи постојано се на терен и ја следат ситуацијата со водата во Калиманци. За разлика од претходната недела кога браната прели и се поплавија неколку ниви во село Истибање, сега ситуацијата е постабилна и излевање нема.

Богатинов вели дека се зависи од врнежите и атмосферските води, но се надевам дека нема да дојде до излевање на браната и поплава на нивите во виничкиот и кочанскиот дел.

„Во моментот во акумулацијата Калиманци имаме 115 милиони кубни вода. Значи тоа е 5 сантиметри до прелив. Пред неколку дена браната беше на прелив околу осум кубика излегуваа преку преливникот.

Опасност од поплави моментално немаме, ние рагиравме со нашата механизација што ја имаме во истибања, така да решен е тој проблем. Во зависност од атмосферските врнежи ќе видиме како ќе биде ама за сега нема пасност.“ – вели Богатинов.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет Тв.