Елена Ристеска: Бирам каде пеам, не можам да пеам секаде
Елена Ристеска е претставник на една музичка ера која одбележа еден убав период на македонската музичка сцена со хитови со кои пораснаа многу млади генерации.
Иако долго време ја немаше на македонската музичка сцена, Елена Ристеска неодамна направи камбек и повторно продолжи со музичките настапи.
Ристеска како гостинка во Жешко столче разјасни дека никогаш не планирала да се сели од Македонија во Америка и дека тоа што се зборувало за неа пред некое време било неточно.
Елена Ристеска додава дека во овој период подобро заработува од музика за разлика од продажбата на нејзината козметика зашто има доволно ангажмани.
„Меѓутоа, доколку добро се развие козметиката мислам дека може во еден момент да ја надмине и музиката.
Музиката е мојата примарна професија, а морам да признаам дека козметиката е една моја пропратна енергија а музиката е нешто што сум го изградила веќе – градено е 20 години.
Музиката е успешна сама по себе веќе долги години и морам да признаам дека не се жалам во поглед на ангажмани и во поглед на она колку луѓето сакаат да не имаат на своите настани.
Заинтересираноста и после 20 години е огромна и бирам каде пеам, не можам да пеам секаде во секое место.
Нормално тој што ќе ја плати мојата минимална сума, онаа што ми е во однос на трошоци и она што во сооднос на моето име треба да се испочитува. Јас навистина сум презадоволна и со 5 – 6 квалитетни настапи во годината“, заклучува Елена.