Елена Јовческа открива: Деца планирам, брак не знам

Елена Јовческа е позната македонска фолк пејачка која многумина ја знаат како амбасадор на македонската култура и традиција, но и како ретка жена – свирач на изворни музички инструменти.

Јовческа умее да свири на четири инструменти – гајда, зурла, хармоника и пијано. Зад себе им кариера подолга од една деценија, а песната со која се впушти во музичките води е „Атлантида” во 2010 година.

Нејзина лична карта, односно отскочна даска на естрадата и во кариерата е песната „Горда прилепчанка“ која за првпат во 2012 година ја однесе дури до Австралија.

Подоцна снимаше албум со народна музика, а во 2014та година почнала самоуко да свири на гајда. Идејата и била да се издвои од останатите музичари и да научи нешто што ретко кој нејзин колега го знае.

– Јас кога станува збор за бакшиш констаттирам дека секаде е тоа релативна работа, а зависи од луѓето. Кој како мене ме сака, како ме доживува, моите песни пред се.

Така што не можам да кажам дека најмногу бакшиш има во Америка, Австралија, Канада или ов Македонија. А публика во Австралија да имаме, да ги поздравам и на 8ми декември ќе си поминеме одлично – тоа е мојот прв концерт, истакнува Елена.

Неодамна, Јовческа се пофали со нејзиниот нов работен ангажман. Имено, пејачката отвори сопствен козметички салон ЕНстудио коешто нуди разубавување на дамите.

Елена Јовческа беше гостинка во Метрополис радио поточно во емисијата Ти реков ми рече со Давид Давидовски каде откри дали е во врска и дали планира брак и деца.

– Моментално сум сингл. Имав дечко, но сега немам. Така одлучив, млада сум. Деца планирам да, брак не знам. Не сум одлучила, меѓутоа да.