Жена зготви вечера по која трагично завршија три лица меѓу кои поранешните свекор и свекрва: Ги сакав, уништена сум

Во својот дом во Леонгата, Австралија, на 29 јули, Ерин Патерсон направила семејна вечера. По вечерата починаа нејзиниот поранешен свекор и свекрва и сестрата на нејзината поранешна свекрва.

Според полицијата, таа при подготовката на вечерата користела печурки. Уште еден маж се бори за живот во болница. На Ерин по вечерата не и се слошило, а на вечерата биле и нејзините две деца, но добиле оброк во кој немало отровни печурки.

Полицијата соопшти дека фактот што Патерсон е под истрага не значи дека смртта не била трагична несреќа. Сепак, полицијата отвори истрага за убиство и потврди дека Патерсон е осомничен.

Надлежните засега и ги одзеле децата на жената.Патерсон се расплака пред новинарите поради загубата на „некои од најдобрите луѓе што некогаш ги запознала“, пренесува Sky News.

„Загубата за заедницата и за семејствата и моите деца кои ја загубија својата баба. Едноставно не можам да разберам што се случи“, рече таа. „Многу ми е жал што ги загубија животите. Едноставно не ми се верува. Не направив ништо, ги сакам и уништена сум“, им рече таа на новинарите пред нејзиниот дом.

Патерсон не одговори на прашањата на новинарите за јадењето што го зготвила. Таа негираше каква било вина кога потсети дека е осомничена.