Живко од кочанско: Се тужиме од 1985 година за меѓа со комшијата и се уште нема разрешница – ми влезе уште повеќ во дворот
Поделбата на имотот во село Спанчево, проблем за семејството Коцеви. Меѓата која го дели дворното место на Коцеви и нивните соседи постојано се поместува на штета на Живко и неговата сопруга.
Проблемот тапка во место речси 40 години. Во далечната 1985 година судски требало да се стави крај на проблемите, но денеска тие се уште чекаат разврска.
Платиле вештак за да се измери до каде местото е нивно, се напрвиле две мерења и велат сега наместо да добијат губат нов дел од својот двор. Доплнително ги изгубиле и дрвата кои како што тврдат биле нивни.
„Станува збор за меѓата, они се тужиле 1985 година и сега откако починале родителите на сопругата соседите повотрно влегуваат кон нас. Донесевме ние катастар да си измереме меѓата и има 39,65 квадрата влезено во наше место. Прво мерење не се соработувале комшиите.Дојде да мере вторпат не си стое на таа точка уште 55 сантиметри влегува кон мојот двор.“ – вели Коцев.
Коцев пред камерите на М-Нет телевизија вели дека сакал на мирен начин проблемот да се реши, ама сега е принуден да го решава по судски пат.
„Јас сакав да не одиме на Суд да се реши проблемот, комшии сме они вториот пат притиснаа го катастарот и си мерат по нивно.“ – додава Коцев.
М-Нет телевизија стапи во контакт и со вештакот кој бил на терен во село Спанчево. Во телефонски разговор вели дека вештачење е направено но и дека има писмена изјава вокоја се потврдува дека се задоволни од истото. Сепак дециден е дека вештачењето може да сеповтори.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет телевизија.