Затворени два патни правци во Македонија – никако не тргнувајте кон нив

Обилните врнежи во последното деноноќие во нашата држава започнаа да прават проблеми.

Автомото сојузот на Македонија пред неколку моменти преку своите официјални гласила информираше за затворен патен правец.

„Од 10:20 часот патот Куманово-Кратово, Куманово-Кр.Паланка е затворен за сообраќај, поради одрони на патот кај с.Ругинце.

Екипите на Македонија пат се упатени на лице место и работат на расчистување на одронот“, стои во нивната објава.