Сане од кочанско: Купувам леб што е за кучиња и го потопувам со вода за да преживеам

Сане Трајчев потекнува од Јастребник, но на млада возраст со родителите се населува во село Бели каде ќе остане се до денес. За жал, од дете боледува од епилепсија и психичко пореметување, па ако на тоа се додаде тешката судбина од млад да остане сирак, нормален е денешниот исход-тој да живее тешко, сиромашно и без доволно храна и средства за лекови.

Денес, овој човек има само 45 години, но за себе ќе рече дека е многу осамен и разочарен зашто убави моменти не му се случиле. Пред неколку години во градот бил претепан и ограбен ќе рече Сане, па згора на тоа морал и да плати трошоци за судскиот процес за кој не добил оштета, туку напротив морал да подигне кредит кој сеуште го плаќа. Сане со неговата ијагноза не е спсобен да работи. Зема само 5000 денари социјална помош, а половината ја дава за кредит.

Помош од најблиските не може да побара зашто свесен е дека тие немаат ниту за себе. Па, принуден е да гладува и со денови или да купи евтин леб кој го продаваат за кучињата и да го натопи во вода за да не умре од глад. Се срами да побара и да чукне за помош, па неговата тешка судбина ја пријави неговата сестра. Куќата е стара уште можеби и пред да се роди тој па тече од сите страни. Во овие тешки околности, Сане спас наоѓа само во црквата каде оди и работи како камбанер и вели дека од неа го добива единствениот мир, па дури заборава и дека е гладен, тажен и осамен.

Сане има само 45 години и сам живее во една мала, скромна куќарка во селото Бели. Од 17 години е останат сам без родители. Осамен живее, и иако е лице со попреченост морал да се снаоѓа и да научи се, од месење леб до готвење и рачно перење зашто нема услови ништо да си купи за да си го олесни животот. Нема ниту тоалет, ниту бања. А, нема ниту телевизор. Има само книги со црковна содржина кои ќе рече тој му даваат единствена волја да издржи и да се бори за подобро утре.

-Имам многу тежок живот. Од мал одев по специјални училишта зашто имам здравствени проблеми. Добив епилепсија и проблеми со психата. Од Јастребник се преселивме со семејството во село Бели во оваа куќа која уште тогаш беше стара. Набрзо моите родители починаа, браќата сестрите се отселија и создадоа семејства, а јас останав сам. Оттогаш сум сам, осамен и се снаоѓам и мачам. Немам ниту тоалет, ниту бања. Одам во шумата за физиолошки потреби-ќе рече Сане.

Сане живее во куќа која може секој момент да попушти и падне. Најтешко е кога врне ќе рече ово осамен човек зашто не знае каде попрво да стави вангла за да не се поплави. Некогаш ниту со денови нема што да јаде зашто зема само 5000 денари соијална помош од кои половината ги дава за долг кон банка за да плати судски процес во кој тој не бил виновен. Јаде стар леб наменет за кучиња потопен во вода за да преживее. Но, најмногу го боли осаменоста и судбината да живее вака тешко од мал сирак и никогаш со поддршка од некој за да успее.

-Куќата е многу стара. Може секој момент да падне. Страшно е кога врне. Ставам вангли за да не ме поплави. Некогаш со денови немам што да јадам. Земам само 5000 денари социјална помош, од кои половина плаќам сметки и подмрувам кредит зашто пред неколку години ме нападнаа и ограбија, згора на се ме направија и виновен. А, со остатокот купувам брашно и месам леб или купувам од оној за кучиња, го потопувам во вода за да не умрам од глад. Ме смирува само одењето во црква и кога читам книги со таква содржина. Тогаш и пет дена да не јадам не ми е проблем-додава тој за Срце на дланка.

Постојат порази за кои никому не кажуваме. Постојат и празнини за кои никому не сакаме да се довериме. И, доаѓа оној ден кога сваќаме дека премногу сме биле туѓи, а најмалку свои. Но, еднаш ќе дојде денот кога разбираме дека премногу време сме изгубиле и дека животот го живееме само еднаш. Но, целта на лошите денови не е да ни го загорчат животот, туку да размислиме малку повеќе како да имаме и убави денови.

Доколку сакате да помогнете на Сане тоа можете да го направите на неговиот телефонски број 077567171 или на неговата жиро сметка 290500021947052