За Ана Николиќ пристигна разочарување и од Македонија

Некогаш, не така одамна жареше и палеше на естрадата, како во својата родна држава, така и во регионот, вклучувајќи ја и Македонија.

Но се чини сега го допред дното од коа ако нешто не се случи наскоро и драстично, тешко дека ќе излезе во догледно време.

Изминатите денови ги полнеше насловните страници со скандалите, а и јавно призна дека е без пари. Притоа се соочува и со здравствени проблеми.

Се испокара и со менаџерот како и со дел од колегите, како Аца Лукас со кој имаше договорено настап во Охрид кон крајот на месецот кој сепак нема да се случи.

Како што информира организаторот, Евент Груп, Ана Николиќ не доаѓа на Билјанини извори на 28-ми јули, а дополнително ќе известат кој ќе настапи заедно со Лукас.

-Поради ситуацијата со Ана Николиќ, добро позната на пошироката јавност и доста пласирана во медиумите овие денови, таа нема да биде гостин на концертот на Аца Лукас во Охрид!

Следете ги нашите активности за повеќе информации кој ќе ја загрее атмосферата пред настапот на кралот на балканската музика на најдобриот настан ова лето- соопштија организаторите.